Минатото лето, Столе Димитриевски потпиша со Валенсија со намера да биде прв голман на клубот од Местаља, но плановите се изјаловија откако Героги Мамардашвили беше продаден на Ливерпул и веднаш вратен на позајмица. Македонецот трпеливо чекаше шанса и се очекуваше во сезоната 2025/26 конечно да застане помеѓу стативите, но тренерот Карлос Корберан имаше други планови. Тој побара ангажман на нов голман и на „Местаља“ пристигна Хулен Агирезабала ...
Екипата на Валенсија го совлада Торино со 3-0 во пријателски меч на „Месталја“, а на Лилјаците им беше доделен и пехар за победата на „Портокаловиот Трофеј“. Фудбалерите на Валенсија направија и една заедничка фотографија после натпреварот, а на таа слика го нема Столе Димитриевски. Македонскиот голман воопшто не влезе на терен на синоќешниот меч, што е потврда дека тренерот Корберан го преферира новодојдениот Агирезабала. Димитриевски беше на ...