Ракометарите на Вардар 1961 со нова победа ја завршија календарската 2025-та. Вечерва на гостувањето во Прилеп на натпреварот од 18. коло, „црвено-црните“ остварија рутинска победа над домашната екипа со 25:31. Прилепчани се обидоа во добар дел од мечот да му парираат на поширокиот состав на Вардар, со оглед на тоа што Чупиќ им даде добра минутажа и на оние кои не играат често на дерби пресметките и во европските натпревари. На крајот во ...

Ракометарите на Вардар успешно го затворија есенскиот дел од шампионатот во Суперлигата, славејќи на гостувањето кај Прилеп со резултат 25-31, и тоа иако настапија со комбиниран состав. По единствениот пораз сезонава, оној во Битола од Еурофарм Пелистер, „црвено-црните“ брзо се вратија на победничкиот колосек со триумф над Радовиш, а формата ја потврдија и вечерва во Прилеп. Препорачано Победникот практично беше решен уште во првото полувреме. ...