По големата победа во градското дерби со Арсенал, фудбалерите на Вест Хем забележаа уште еден важен триумф во Премиер лигата и во последниот натпревар од 27. коло во англиската елита пред својата публика го совладаа Лестер Сити со сигурни 2-0 (2-0). За новиот менаџер на „чеканите“ Грем Потер ова беше втора победа на домашен терен, а неговите избраници ја обезбедија уште во првото полувреме. Резултатот на „Лондон Стадиум“ го отвори Соучек со ...

Во последниот натпревар од 27. коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Вест Хем забележаа рутинска победа на домашен терен, совладувајќи го Лестер со 2:0. Сѐ беше решено во првото полувреме кога Вест Хем ги постигна двата гола. Соучек во 21. минута погоди за 1:0, додека во 43. минута Вестергард во гужвата на гостинскиот шеснаесетник ја турна топката во сопствената мрежа. Лестер беше целосно немоќен во остатокот од натпреварот и не успеа ...