Премиерот Христијан Мицкоски ја отвори вратата за нови инвестиции од Дубаи и на директорот на Стопанската комора на Дубаи, Мохамед Али Рашед Лута, му порача дека ние сме нов пазар и дека сакаме да соработуваме и да се развиваме. Во тој контекст, тој посочи повеќе факти дека имаме пораст од преку 3 проценти на БДП, забрзување на градeжништвото, пораст на туризмот, земјоделството…. Мохамед Али Рашед Лута рече дека има голем потенцијал за соработка ...

Дубаи станува интересен за македонските бизниси, а лани пет нови компании од земјава се приклучија на Коморите на Дубаи, со што нивниот вкупен број достигна 52. Трговската размена помеѓу Македонија и Дубаи од 2020 до 2024 година изнесувала 495 милиони американски долари. Мохамед Али Рашед Лутах, претседател на тамошната Стопанска комора, кој се сретна со премиерот Христијан Мицкоски, очекува преку заеднички платформи за соработка во областа на ...