Фудбалерите на Фиорентина запишаа нова победа во Серија А, откако на свој терен со минимални 1-0 (1-0) славеа во соочувањето со Аталанта, во натпреварот од 30. коло во италијанската Серија А. Со поразот во ова дерби „божицата“ направи голем чекор кон назад кога во прашање се шампионските аспирации, кои вечерва можеа да ги искористат Интер и Наполи. Од друга страна, избраниците на Рафаеле Паладино одиграа одличен натпревар и на крајот сосема ...

Тимот на Аталанта е се подалеку од борбата за титулата во Серија А откако попладнево доживеа нов пораз и тоа на гостувањето во Фиренца кај Фиорентина. Избраниците на Гасперини останаа без „муниција“ како и на соочувањето со Интер (2-0) со таа разлика што денеска загубија со 1-0. Гостите не упатија ниту еден директен удар кон голот на Де Хеа, па јасно е зошто си заминуваат со празни раце од „Артемио Франки“. Единствениот гол падна во првиот дел ...