Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги демантира неточните информации изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ во врска со изградбата на кровната конструкција над зградата на Министерството. „Проектот за изградба на кровна конструкција над рамната тераса беше првично планиран за реализација во 2022 година, со цел трајно решавање на долгогодишните проблеми со протекување, кои се јавуваат при секој пообилен ...

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска на прес конференција истакна дека ја продолжуваат серијата скандали за корупција и матни тендери на ВМРО-ДПМНЕ. „Ја разоткриваме мрежата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој го оживува проектот Скопје 2014 за повторно испумпување на пари од буџетот заедно со нови тендери од унгарскиот кредит. Според достапните информации, Министерството за надворешни работи потпишало договор за ...