Како што напомена, одговорајќи на новинарски прашања, праксата покажа дека ограничувањето на маржата само се прелева во другите месеци и потоа цените се балансираат. Тоа е замка, дополни, во која не треба да западнеме. Премиерот е дециден дека причина за растот на инфлацијата се услугите. „Одиме ставка по ставка, многу студиозно, детал по детал, додека не дојдеме до конечната одлука што понатаму. Многу сме внимателни во носењето мерки. Очекувам ...
Владата ги крои мерките, јавноста чека долгорочна стратегија за спас од скапотијата. Познавачите на економските политики советуваат да се креираат мерки на долг рок, оти брзите краткорочни не вродуваат со плод. Поскапено е речиси се, особено овошјето и зеленчукот кои чинат многу повеќе од лани. Тешко зимници годинава. Дел од експертите предлагаат зголемување на домашното земјоделско производство, бидејќи 90% од храната е од увоз. Граѓаните се ...