Одложеното коло од Првата лига на програмата ќе биде утре, а фудбалерите на Шкендија пред себе имаат незгоден предизвик, гостување против екипата на Воска. Тетовските „црвено-црни“ влегоа во посакуваниот ритам, во последните пет кола имаат четири победи и едно реми, со што се наоѓаат на делба на првото место на табелата со Силекс и со Гостивар. Воска моментно е претпоследна на табелата, но Валон Ахмеди предупредува дека Шкендија никако не смее ...

Екипата на Шкендија цели пет кола е без пораз во Првата македонска фудбалска лига, а Валон Ахмеди смета дека таа низа ќе продолжи и по натпреварот во Охрид против Воска Спорт. Тетовчани по не така убедливиот старт, конечно влегоа во посакуваниот ритам и во домашниот шампионат „мелат“ сè пред себе. Ахмеди вели дека Воска има тим кој мора да се респектира, но верува во ново одлично издание на неговиот тим и нова победа. „Играме против тимот на ...