Фудбалерите на Пари Сен Жермен забележаа трета победа во низа во Лига 1, откако на својот „Паркот на принцовите“ го совладаа Сент-Етјен со 2-1 (2-0). Натпреварот од 17. коло го реши Осман Дембеле кој беше двоен стрелец за парижани. Француското крило го отвори резултатот по 13. минути игра по асистенција од Ли Канг-Ин, додека осум подоцна Дембеле го реализира и пеналот за предност од 2-0 на ПСЖ. До полувремето уште еднаш се тресеше гостинската ...

Дуелот меѓу двата најтрофејни клуба во историјата на францускиот шампионат го затвори 17-тото коло од Лига 1, со очекуван исход. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Сент Етјен на домашен терен со 2-1, со што направија уште еден чекор кон освојувањето на 13-та шампионска титула и четврта по ред. ПСЖ сега е лидер со 43 бодови, седум повеќе од Олимпик Марсеј и дури 12 од Монако. Сент Етјен, кој е десеткратен шампион, последен пат ја освои ...