За многу кратко време избледе црвената боја во делови од новите велосипедски патеки во Битола кои минуваат низ пешачките премини на крстосницата кај супермаркетот „Веро“ меѓу улиците Партизанска и Васко Карангелевски. Ова вчера го забележа екипата на САКАМДАКАЖАМ.МК која ги обиколи новите вело и пешачки патени направени со средства од Општината. Нивното уредување и бележење е при крај. Јавното претпријатие „Паркинзи“ задолжено за бележење на ...

Бојата за велосипедските патеки е по стандард и за жал истовремено е показател за загаденоста од возилата. Вака денеска се обраќаат до медиумите и јавноста од јавното претпријатие „Паркинзи“ кои вчера имаа лавина од реакции на граѓаните дека бојата се променила. Денеска повторно беа на терен, проверувајќи ја вистинитоста на реакциите што ги добиле од граѓаните. И информираат дека „Обележувањето на велопатеките во Битола, продолжува со истиот ...