Клубот од шпанската енклава Сеута, лоцирана на северниот брег на Африка, обезбеди пласман во Ла Лига 2 и стана првиот африкански клуб што ќе настапува во професионална европска лига. Ова е огромен успех за клубот што е формиран во 1956 година, а никогаш досега не играл ниту во Примера, ниту во Сегунда. Сеута до историскиот успех стигна со победа од 2-1 на гостувањето кај Фуенлабрада, со што два кола пред крајот го осигура првото место во Група 2 ...

Екипата на Маџари во следната натпреварувачка сезона ќе биде дел од елитната конкуренција откако и во вториот натпревар беше подобра од младиот состав на МЗТ Скопје Уни Банка. Препорачано На реваншот одигран во СЦ „Јане Сандански“, кошаркарите на Маџари дојдоа до победата (78:55), и со максимални 2:0 ја затворија полуфиналната серија од плеј-офот, што значи и нивни прв, историски пласман во Првата лига. Димчевски реализираше 17 поени за екипата ...