Со ревијален меч точно напладне официјално започна „Ол-стар“ денот на македонската кошарка, со настан посветен на најперспективните млади таленти од домашната сцена, кој уште на стартот понуди атракција, поени и забава за присутните љубители на спортот. Во егзибицискиот натпревар меѓу двете селекции составени од најголемите кошаркарски надежи на Македонија, повеќе успех имаше екипата „Следниот чекор“, која во ефикасен и динамичен дуел славеше ...
Во првиот натпревар од Ол стар програмата во СРЦ „Кале“ во Скопје, играа македонските надежи од М20 лигата. По голема борба, победата ја однесе екипата насловена како „Next Step“ која беше подобра од онаа која настапи под името, „Next Generation“ (131:125). За најдобар кошаркар беше прогласен играчот на Вардар, Дамјан Данев, кој оствари 41 индексен поен. Тој за 18:46 минути поминати на паркетот, постигна 36 поени (1/3 за три поени, 16/17 за два ...

