Гостивар, 15 март 2025 (МИА) - Екипи на МВР и ренџерската служба на НП "Маврово" и локални жители се обидуваат да извлечат две лица од Мавровско Езеро. Според првичните сознанија тие претпладнево со чамец се движеле низ езерото и во еден момент налет на ветер им го превртел пловилото и тие се нашле во водата. Тие најверојатно успеале да се одржат на површината и се држат за чамецот и почнале да бараат помош. Нивното извлекување е отежнато заради ...

Скопје, 15 март 2025 (МИА) - Екипи на МВР, САЕ Тигар, ренџерската служба на НП „Маврово" и локални жители извлекоа две лица од Мавровско Езеро, на кои им се превртел чамецот. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) извлечените лица се наоѓаат во возилото на итната медицинска помош. Претходно, ЦУК соопштија дека полицискиот хеликоптер со тим од САЕ Тигар со чамец се упатиле кон двете лица кои се потпирале на нивниот ...