Во акциска контрола на полицијата во Тетовско, приведени се 39 државјани на Албанија кои нелегално работеле на градилиште во селото Стенче, општина Брвеница. Контролата била спроведена вчера, во координација со повеќе инспекциски служби. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, акцијата се одвивала на 15 октомври во периодот од 12 до 18:30 часот, при што полициските службеници од СВР Тетово, заедно со Државниот инспекторат за ...
Вчера во периодот од 12:00 до 18:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен инспекторат за труд, Државен пазарен инспекторат и инспектори од Одделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија- Тетово, извршија акциска контрола во с.Стенче, општина Брвеница, каде правно лице, сопственост на Е.З.М. од Тетово, изведувало градежни активности. Притоа, на местото при извршување работни задачи се затекнати ...