Ниту пеплосаните тела на 63 млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“ и лузните на стотици млади што вечерта на 16 март ги пееја песните на музичкиот бенд „ДНК“, ниту солзите и гневот на мајките што секоја сабота по улиците молат за правда и поддршка, ниту тоа што никој од власта не поднесе оставка, ниту тоа што никогаш ниту еден претставник од нив не дојде на ниту еден марш на родителите, не направи речиси никаква разлика: кочанчани во неделата ...

Добивај вести на Viber Родителите на загинатите од дискотеката Пулс вчера (21.10) поднеле Барање до Кривичниот суд и обвинителството за определување на построги мерки на претпазливост за поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, еден од 34-та обвинети за пожарот во дискотеката Пулс, откако беше затекнат во кафеана со кандидатот за градоначалник на Кочани од ВМРО ДПМНЕ, Владко Грозданов. „Поднесовме предлог барање за определување ...