Пари Сен Жермен нема сериозна конкуренција во Франција, вечерва победи и на гости кај некогашниот првак Лион со 3-2 во интересен меч на кој сите пет гола паднаа во второто полувреме. Два гола за ПСЖ даде бекот Ашраф Хакими, а погоди и Усман Дембеле кој е во феноменална форма во 2025 година. При голот на Хамики за 3-1, супер атрактивен потег имаше Гонсало Рамош. Ce geste de Ramos après la réduction du score de l’OL On ne peut dire que bravo ...
ПСЖ во последно време прераснува во вистинска фудбалска машина. Буквално сее страв пред се во Лига 1, каде вечерва во некогаш големото дерби, како гостин го победи Лион со 2:3. Ова беше 18 победа во изминатите 23 кола, има уште пет ремија и е без пораз, па така со 59 бода сега е на +13 пред вториот Марсеј. Нема сомневање дека четата на стратегот Луис Енрике и оваа година ќе биде шампион во Франција, а Ливерпул нека биде внимателен во 1/8 ...