Норвежанецот Каспер Руд обезбеди пласман во 1/16 финалето од АТП турнирот во Мајами, откако со 2-1 славеше над Србинот Миомир Кецмановиќ, по сетови 3-6, 6-4 и 6-4. Мечот траеше два часа и пет минути, а Руд мораше добро да се испоти за да дојде до триумфот. Кецмановиќ го доби првиот сет, но немаше сила за комплетно изненадување до крајот. Во следното коло Руд ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Алехандро Табило и Корентин Муте од Франција. ...

Данил Медведев е далеку од својата најдобра форма иако се уште е меѓу најдобрите десет тенисери на светот, но дека не е на посакуваното ново потврди и вечерва каде доживеа елиминација на Мастерсот во Мајами. Иако важеше за огромен фаворит, тој загуби од 56. рекет на АТП листата, Хауме Мунар. Шпанецот го реши фаворизираниот противник со 6-2, 6-3 за 78 минути игра, односно дојде до трета победа во кариерата над Топ 10 на светот. Медведев беше ...