Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да ја мине првата пречка на фјучрс турнирот во австрискиот град Крамсах кој се игра за награден фонд од 25.000 долари. Во првото коло го совлада Петер Голдстејнер од Австрија со 2:0 во сетови 6:1 и 6:0. Ивановски, кој е рангиран како втор носител, во следното коло ќе игра против уште еден домашен тернисер Сил Гаџери (18 години), кој на турнирот настапува со вајлд карта. Гаџери во првото коло ...
Најдобриот македонски тенисер продолжува со успешните резултати на фјучрсот кој се одржува во Крамсах, Австрија. Денеска во четвртфиналето Калин Ивановски со резултат 2:0 во сетови 7:6 (4) и 6:4 го елиминираше домашниот натпреварувач Сандро Коп. Нашиот тенисер, кој е втор носител на турнирот, за пласман во финалето ќе игра со подобриот од мечот Ламбер Рулан (Франција) – Матис Ерхард (Германија). Познат е уште еден полуфиналист Џерард Кампана Ли ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски на убедлив начин со две експресни победи стигна до четвртфиналето на фјучрсот во австрискиот град Крамсах. Во мечевите од првите две кола загуби само четири гема од 28 одиграни. Во денешниот меч од второто коло го победи Австриецот Сил Гаџери со 2:0 во сетови 6:1 и 6:2 за 52 минути. Со двете победи Ивановски ја потврди и улогата втор носител на турнирот, а неговиот нов ривал беше совладан без поголеми ...