Највисока снежна покривка заклучно со вечерва има на Попова Шапка, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во ски-центарот се измерени 72 сантиметри снег. 58 сантиметри има во Маврово, 25 сантиметри во Крушево, 7 сантиметри на Ѓуриште и 1 сантиметар во Тополчани. Најстудено во македонските градови вечерва е во Крушево, каде УХМР измери температура од -2 степени, додека во Гевгелија температурата е највисока и изнесува 7 степени. Според ...

Најниски утрински температури денес беа забележани на Попова Шапка и Маврови Анови, каде што термометрите покажаа -5 степени Целзиусови. По нив следат Крушево со -4 степени, Берово со -2, како и Битола и Тетово со -1. Температури околу 0 степени се регистрирани во Куманово, Крива Паланка и Кавадарци. Во Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Претор и Прилеп е измерена температура од 1 степен, додека Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија и Велес ...