Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се обрати пред граѓаните на народниот митинг во општина Бутел, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, одржан под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“. Мицкоски се осврна на темата за правосудниот систем и најави дека по локалните избори ќе следува „ресетирање на системот“, кое, како што рече, нема да биде реванш, туку одговорност ...

На митингот во скопската општина Бутел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно зборуваше за правосудниот систем во земјава и рече дека повеќе од 80 пријави биле заглавени во судските и обвинителските лавиринти и тој ќе се посветел на нив по локалните избори. Мицкоски најави ресетирање на системот, кој нема да биде реванш, туку ќе значи одговорност и правда. „Ги слушам лажните храбрења на Филипче, зад кои убеден сум дека стои само ...