Фудбалерите на Аталанта со убедливи 3:0 го совладаа Торино во последното коло во Серија А и ги разочараа фудбалерите и навивачите на Рома. Поради триумфот на Аталанта која има и натпревар помалку, сигурно ќе заврши пред Рома на табелата со што Италија ќе остане со пет претставници во Лигата на шампионите следната сезона. Аталанта има 69 бода и обезбеден пласман во ЛШ како победник во Лигата на Европа, додека Рома која својот меч против Емполи ќе ...

Торино не можеше да му се спротивстави на актуелниот освојувач на Лига Европа и си заминува од гостувањето кај Аталанта со убедлив пораз (3:0), додека Наполи повторно се посрамоти пред своите фанови, освојувајќи само бод против Лече (0:0). Скамака и Лукман уште во првиот дел донесоа солидна предност за „Ла Деа“, а во вториот дел точка на натпреварот стави Пашалиќ со гол постигнат од пенал. Со оваа победа, Аталанта се искачи на четвртото место на ...