Глувците во училиштето „Панајот Гиновски„, во Бутел, не се од нехигиена, туку од изградба на градинка во близина, велат од Кабинетот на градоначалникот на општината. Оттаму тврдат дека искршените врати, ѕидови, умивалници и казанчиња во тоалетите констатирани во санитарната инспекција, се резултат на недолично однесување на основците. Од Санитарниот инспекторат потврдуваат дека веќе е направена дератизација на училиштето, откако во нивниот ...

Се асфалтира Љуботенски пат, но, не целосно. Жителите од оваа околина не се задоволни од сегментот долг 900 метри во населбата Радишани. Се жалат дека патот кој се асфалтира е премногу тесен додека слојот на асфалтот е премногу тенок. Жителите велат дека од општина Бутел им ветиле дека широчината на коловозот ќе биде иста како што беше, 4,20 метри, но сега кога се асфалтира е помалку од 3 метри. Тие се чувствуваат измамени. Откако жителите се ...