Над 400 дечиња во понеделник пеејќи ја песната за Вечниот Бог ќе го навестат христовото раѓање. Осма година по ред Бадникова поворка ќе се реализира и во Штип. Збирното место е храмот Свети Никола, а дечињата заедно со нивните родители и членови од семејството, пеејќи и со ѕвездички во раката ќе се движат се до плоштадот „Слобода“. „Децата од нашата Општина придружувани од нивните родители и други членови на нивните семејства секогаш биле дел од ...

Коледарската песна која уште рано утрово одекнуваше пред домовите. Децата го најавија еден од најголемите христијански празници, Божиќ. Денеска е коледе, утре е Божиќ…, изутринава се слушаше пред вратите. Децата коледари се првите весници на празникот. Коледарите со песна и торби во рацете го најавуваат Христовото раѓање. За прекрасната вест што им ја носат домаќините ги даруваат коледарите со костени, ореви, јаболка, бонбони и по некоја ...