Добивај вести на Viber Околу една милијарда и сто милиони евра е последниот долг како обврска што го има јавното претпријатие „Државни патишта“ Објавениот резултат од последниот квартал со кој е завршена минатата година покажува вкупни обврски од 66 милијарди денари и раст од 10 отсто. Обврските се зголемени и покрај тоа што најголемиот проект - Коридор 8 и Коридор 10Д што го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, се испаќа од државниот буџет, а не ...

ЈП за државни патишта ги исплаќа кредитите кон кинеската Ексим банка, кои беа земени за изградба на автопатиштата Кичев – Охрид и Миладиновци – Штип. Тоа се најголемите долгови што ги враќа ЈПДП кон Кинезите, а потоа кон Светска банка и ЕБОР, но и кон домашните оператори. Според последно објавениот финансиски извештај на ЈПДП, во последниот квартал од 2024 година, долговите достигнале 66 милијарди денари (1,1 милијарда евра), што е раст од 10 %. ...