Вкупно 64 проценти од граѓаните сметаат дека владејачкото мнозинство не треба да прифати внесување на Бугарите во Уставот дури и по цена на повторно одложување на почетокот на преговорите со Европската Унија, додека 45 отсто сметаат дека Владата ќе го надмине спорот со Бугарија, покажува најновото истражување кое за емисијата „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС). Поделено според етничката припадност на ...
Резибраниот претседател на СДСМ со „цели“ 18.000 гласови и натаму оди контра волјата на сопствениот народ. Филипче во манир на Заев и Ковачевски и натаму во Брисел ја критикува сопствената земја и народ за неусвоените уставни измени, само неколку дена по анкетата на „Детектор“ во која јасно се вели дека ЦЕЛИ 82% ОД МАКЕДОНЦИТЕ се против нивно прифаќање. Граѓаните и понатаму со огромно мнозинство се против уставни измени за внесување на Бугарите ...
Лично преземам целосна одговорност и го преземам целокупниот товар, па дури и по цена на мојата политичка кариера, за да ги направиме уставните измени и да ги отвориме преговарачките поглавја со ЕУ и доколку Владата смета дека тоа може да го искористи, јас стојам на располагање, изјави за МИА лидерот на СДСМ, Венко Филипче во Брисел, каде денеска учествуваше на Конференцијата во организација на Програмата „Вили Брант“ за проширување на ЕУ на ...