Екипата на Пелистер дојде до тешка победа над Чаир 2030 на гостински терен (69-64) и се искачи на делба на третата позиција со Кожув во Првата лига на Македонија. Чаир, пак, останува на позицијата број осум, последна која води во плеј-офот. Дуелот меѓу двата тима почна во знакот на домаќинот, кој во првиот квартал успеа да избега на 18-12, но следеше пад на тимот на Рамадан, па Пелистер тоа го искористи и по десет минути игра имаше 18-19. ...

Кошаркарите на Пелистер добија уште една битка со Чаир 2030, трета во натпреварувачката 2024/2025. Клубот од Битола беше подобар од скопскиот тим во првиот првенствен меч, потоа во Купот, а оваа вечер го доби на негов терен во шампионатот со 69:64. Беше неизвесно и драматично до самиот крај, средба во која гостите подобро се снајдоа во завршницата и дојдоа до 12. славје во Првата лига. Мишковиќ со 20 поени беше прв стрелец, ама одлична поддршка ...