Кошаркарите на Денвер после драматичниот и исрпувачки пораз од Минесота на домашен терен, доцна вечерва, односно рано наутро по македонско време, се пред нов предизвик. Јокиќ против Минесота уфрли 61 поен, но и тоа не беше доволно за победа, па сега ќе имаат можност за поправен против Сан Антонио, повторно на домашен терен. Нагетси се големи фаворити за победата со квота во Sport Life од 1.30. Изненадување и победа на Спарс има квота од 3.55. ...

Денвер играше без првата петорка на дуелот со Сан Антонио и забележа втор пораз во серија, привремено губејќи го третото место на табелата во западната конференција. По напорната ноќ со две продолженија на дуелот со Минесота, тренерот Мајк Мелоун реши да ги одмори првите ѕвезди предводени од Никола Јокиќ, а нивните замени на крајот не успеаја да дојдат до триумфот на домашен терен. Вестбрук постигна 30 поени, но уште еднаш промаши важно ...