Во Шпанија се погласно се зборува за заминувањето на Родриго од Реал Мадрид, а ова посебно добива на значење после информациите дека Чаби Алонсо воопшто не бил импресиониран од играта на Бразилецот. Долго се најавуваше дека „кралевите“ се подготвени да го продадат доколку добијат понуда од минимум 100 милиони евра, но сега се чини дека Родриго ќе си замине и за помалку пари, иако Флорентино Перес се уште ја чека вистинската понуда за него. ...
Доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид очекувано ќе донесе одредени промени во однос на формацијата, но и изборот на фудбалери кои ќе добијат посериозна шанса. Во моментов Родриго не е во прв план, посебно што Чаби форсира формација со двајца напаѓачи, а покрај Мбапе и Винисиус, на располагање ќе ги има и Гонзало Гарсија и Франко Мастаунтоно. Не треба да се заборави и повредениот Ендрик, кој напорно работи за побрзо да се врати во ...