Оскар Пјастри стигна до петта сезонска победа на трката за Големата награда на Шпанија што денеска се возеше на патеката „Каталуња“ крај Барселона во рамки на Формула 1 шампионатот. Австралиецот во болидот на Мекларен имаште уште еден доминантен настап и финишираше пред својот тимски колега Ландо Норис. Место на победничкиот подиум како третопласирани имаше и за Шарл Леклер од Ферари. Џорџ Расел од Мерцедес финишираше на четвртото место. ...

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ќе стартува од најдобрата позиција на денешната трка за Големата награда на Шпанија, откако во саботата успеа да ја освои пол-позицијата на патеката „Каталуња“. Австралиецот запиша време 0.209 секунди побрзо од својот клупски колега Ландо Норис, кој ќе тргне веднаш до него од првиот ред. По првите три трки во сезоната во Бахреин, Саудиска Арабија и Мајами, Пјастри имаше комотна предност од 16 поени на врвот на ...