Дали битолски Пелистер полека се буди? „Зелено-белите“ по пауза од три месеци конечно врзаа два триумфи во Првата македонска фудбалска лига, откако славеа победи над истите екипи како од првата фаза од шампионатот. По трите бода освоени против Брера Струмица, денеска на затворањето на 14. коло пелистерци со три гола во вториот дел го совладаа „фенерџијата“ Шкупи (3-0). Воедно ова беа први врзани шест бода на новиот тренер Милан Стојановски, кој ...
Фудбалерите на Пелистер, сосема очекувано, триумфираа убедливо со 0-3 на гостувањето против Шкупи во последниот натпревар од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига. „Пелистерци“ на тој начин ја забележаа и втората едноподруго победа во шампионатот, по онаа претходната над Брера, со што се одлепија од последните две позиции на табелата. Петковски во 58.минута а потоа и Ристевски во 74. минута донесоа водство за Пелистер од 0-2, но момент на ...

