Баерн Минхен одлучи да го повлече дресот со бројот 5, во чест на популарниот Кајзер, Франц Бекенбауер, и ова е прв ваков случај во германскиот фудбал. Бекенбауер во јануари почина на 78-годишна возраст, а поради придонесот кој го даде за Баерн, заслужи ваква чест. „Оваа година ФК Баерн ја загуби најголемата личност во својата историја. Драг Франц, го направивте клубот она што е денес: синоним за најголем можен успех, уникатен стил – и длабока ...

Баерн го повлече бројот пет во чест на еден од најдобрите играчи во историјата на клубот, Франц Бекенбауер. „Бројот пет сега е дел од уникатно наследство. Затоа што нашиот клуб и неговата историја не можат да се замислат без Франц“, изјави претседателот на Баерн, Херберт Хајнер. Бекенбауер почина на 7 јануари 2024 година. Популарниот Кајзер со Баерн четири пати ги освои Бундеслигата и Купот на Германија, три пати Купот на УЕФА, како и Купот на ...