Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за „Нова Македонија“ изјави дека негов приоритет е целосна обнова на јавниот превоз во главниот град. Препорачано – Јавниот превоз е крвотокот на секој модерен град и токму затоа сметам дека неговиот развој е клучен за Скопје. Мојата визија е да изградиме јавен транспорт кој ќе биде прв избор на скопјани, брз, достапен, удобен и пред сè, сигурен. Сакам луѓето да ...
Врвен приоритет ќе биде пуштањето во употреба на подземниот булевар Македонија, под Лимак, и изградбата на трите кружни текови на излезот и влезот на оваа клучна сообраќајница за главниот град, вели Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје, во интервјуто за „Нова Македонија“. Скопје, вели меѓудругото Ѓорѓиевски, може да престане да биде симбол на пренатрупаност и хаос и да стане функционален, организиран и модерен главен град, во кој ...