Возачот кој ја прегази 22-годишната студентка од Неготино Фросина Кулакова, во истражниот затвор во Шутка добил мобилен телефон, тврди во соопштение опозициската партија СДСМ. Идентични информации претходно се појавија на социјалните мрежи, а исто така за ова обвинија и од семејствот на трагично загинатата Кулакова. На фотографиите се гледа лице облечено во дуксер со качулка преку галвата кое држи телефон, за кое се тврди дека е возачот кој ...
Веќе два дена јавноста е во шок од трагедијата што ја потресе целата држава, откако Васов, 20-годишник без возачка дозвола ја прегази младата Фросина, која за жал почина на лице место. Граѓаните се револтирани, јавноста е бесна, а протестите не стивнуваат. Сторителот е во притвор, но денес во јавноста излегоа скандалозни фотографии од затворот Шутка, на кои јасно се гледа дека тој непречено користи мобилен телефон, иако тоа е строго забрането. ...