Возљубени празникољупци, Светиот пророк Илија во самото свое име ја носел суштината на својот подвиг! Имено, Илија значи „Господ е мој Бог“ и „Вечниот е мој Творец и мој Живот“. Па затоа, целиот негов живот бил сведоштво и борба за вистината дека постои само еден и единствен Творец и Промислител на сѐ што постои. Тој живеел во деветтиот век пред Христа и својата пророчка дејност ја извршувал во времето на богоборното и идолопоклонско владеење на ...

„Од подвигот и сведоштвото на пророкот Илија, до денешен ден, минаа многу векови. Отпадништво од верата сѐ уште има, а во многу делови на светот присутни се судири и војни. Нашата Македонија, пак, продолжува да биде пред постојани искушенија, оспорувања и лажни ветувања. И понатаму, за жал, светот го раководат лагата, користољубието и желбата да се завладее туѓото врз принципот на посилниот. Затоа, во ова и вакво време, секој вистински богољубец ...