*Фејсбук објава на професорот Дејан Трајковски Нивото на Преспанско Езеро продолжува да соборува антирекорди. За прв пат откако се вршат мерењата е пробиена психолошката граница од 841 m надморска висина – денеска е веќе 840,97 m, односно на кота -663 cm под референтното ниво од 847,60 m н.в. Моменталното ниво е уште отсега, во средината на септември, дури 19 cm пониско од ланскиот и историски минимум. До декември има уште долг пат да се изоди ...

Нивото на Преспанското Езеро продолжува да бележи драматичен пад и деновиве достигна нов историски минимум. Според податоците што ги објави професорот Дејан Трајковски, за првпат откако се вршат мерењата е пробиена психолошката граница од 841 метар надморска височина, при што моменталното ниво изнесува 840,97 метри, односно 663 сантиметри под референтната кота од 847,60 метри. Состојбата е особено загрижувачка ако се земе предвид дека во ...