Шкендија ја одржа предноста осамен на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига откако во 23. коло славеше со 1-0 против Пелистер пред своите навивачи. Гостивар ремизираше (2-2) со АП Брера, Беса, пак, со 2-3 славеше на гостувањето против Шкупи, а Струга ТЛ со гол на Малески во 88. минута го скрши отпорот на Воска Спорт. Шкендија до победата од 1-0 против Пелистер дојде со погодокот на Бесарт Ибраими во 73. минута од натпреварот.  ...

Голот на Ибраими беше доволен за победа на Шкендија над Пелистер, со што тетовскиот клуб не дозволи нова грешка во првенството и ќе ја задржат лидерската позиција во Првата македонска фудбалска лига. Домаќините го скршија отпорот на Пелистер во 73. минута, а до крајот ја задржаа минималната предност, вредна три бода. Струга исто така славеше со минимални 1:0 во дуелот со Воска Спорт, но голот го постигна уште подоцна, во 88. минута, кога по една ...