Екипата на Баерн Минхен си ја заврши задачата и се врати на победнички патеки во Бундеслигата. Лидерот славеше на гостувањето кај Хајденхајм (4-0) во рамки на 15-тото коло од германската елита. По ремито со Мајнц во минатото коло кое беше неочекувано за големиот фаворит, следеше дуел без осцилации и сигурна победа за избраниците на Винсент Компани. Разликата меѓу двата тима беше јасна уште во првото полувреме. Мечот на теренот во Хајденхајм го ...

Баерн Минхен се врати на „плус девет“ во однос на второпласираната Борусија Дортмунд откако баварскиот гигант славеше на гостувањето против Хајденхајм со 0-4. Очекувано, претпоследниот тим на табелата не беше достоен ривал за актуелниот првак кој прашањето на победникот го реши уште во првото полувреме во кое Станишиќ и Олис стрелаа прецизно за 0-2. Баерн потоа промаши неколку убави шанси во вториот дел се до самиот финиш, кога Дијаз и Кејн ги ...