Манчестер Јунајтед уште во првото коло од новата премиерлигашка сезона ќе одигра дерби натпревар со Арсенал, а официјалното здружение на навивачи најави протест против косопственикот Џим Ретклиф. Организираните фанови на англискиот клуб сметаат дека Ретклиф не прави доволно за клубот откако доби дел од сопственичката структура и е задолжен за оперативните функции во Јунајтед, па затоа и планираа да му испратат важно предупредување пред дербито. ...

Навивачите на Манчестер Јунајтед се во војна со челниците на клубот. Откако неодамнешното зголемување на цената на билетите веќе предизвика протести и незадоволство, сега навивачите ги удвоија своите жалби за новиот удар по нивниот џеб. Имено, клубот ја зголеми цената на пивото на „Олд Трафорд“ дури до 51%. За време на пријателскиот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Фиорентина (1:1) во саботата, навивачите беа пречекани со непријатно ...