ВМРО-ДПМНЕ реагира дека СДС, наместо да обезбеди правда за семејствата кои ја бараа вистината и одговорите за трагичните настани, собирал политички поени на нивна сметка. Во продолжение целосното соопштение од партијата: „СДС и човечност се два различни поими. Дојдоа на власт со собирање на политички поени на сметка на трагедии, на сметка на семејствата кои жалеа и имаа надеж дека СДС ќе ги реши нивните случаи, дека СДС ќе им донесе правда, ...

Филипче и СДС навистина треба да престанат да говорат за економската политика во државата, за да не се срамат. Тие во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во нивно време, како што нагласуваат од владејачката партија, пензиите се зголемуваа за 150 денари, граѓаните живееја со 150 денари на ден, земјоделците не добиваа субвенции, вработени не земаа плати со месеци, инфлацијата беше над 20%, платите стагнираа, ...