Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје, во штипската Клиничка болница било донесено на 14 јануари, информираат денеска преку пишано соопштение од Клиничка болница-Штип. „Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска ...
Деветгодишно дете од Свети Николе починало на Клиниката за детски болести во Скопје. Од Детската клиника за МИА потврдуваат дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Според директорот на клиниката, Реџеп Мемеди, детето било донесено во нивната установа во тешка здравствена состојба со срцев застој и лоши витални параметри. – Случајот е од пред два дена. Детето е од Свети ...