Разговорите со претставниците на САД за мировен план за Украина беа конструктивни, но не и лесни, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски пред планираните консултации со европските лидери во наредните денови. Зеленски разговараше со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер, а се очекува да се сретне и со француските, британските и германските лидери во Лондон. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа, по тридневните разговори меѓу Вашингтон и Киев во Флорида, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не е подготвен“ да го потпише мировниот предлог на САД, чија цел е да се стави крај на војната со Русија, објави CNN. „Малку сум разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот, тоа беше пред неколку часа. На неговиот народ му се допаѓа, но тој не го направи тоа“, ...

