Еден од најбараните, ако не и најбараниот фудбалер ова лето е Александер Исак од Њукасл. Бројни екипи застанаа во редот за неговиот потпис, но фудбалерот има само една желба – трансфер во Ливерпул. Челзи, Манчестер јунајтед и Арсенал веќе добија „корпа“ од шведскиот интернационалец, а во тоа друштво сега се најде и Ал-Хилал од Саудиска Арабија. Преговорите за продолжување на договорот со Њукасл се прекинати, па „страчките“ очекуваат дека ќе ...

Еди Хау до пред извесно време уверуваше дека Александер Исак ќе остане на Северот во Англија, но менаџерот на Њукасл сега полека омекнува и самиот е свесен дека се е во рацете на фудбалерот. Шведскиот напаѓач ги стопираше преговорите за нов договор и јасно стави до знаење дека е подготвен за трансфер на кариерата, па додека се исчекува официјална понуда од Ливерпул, полека се менува и ставот на Хау. – Исак се уште е наш фудбалер и покрај тоа што ...