Со златен медал на Данска заврши 29. Светско ракометно првенство. Во големото финале во Осло, Данците ја средија и Хрватска (26-32) и ја продолжија доминацијата на големите планетарни собори, со четврто злато во низа. Oд овие две селекции доаѓаат по двајца ракометари во идеалниот тим на шампионатот кој што се играше во три држави – Хрватска, Данска и Норвешка. Голманот Нилсен и Питлик, како и Мартиновиќ и Шоштериќ се актери од финалето во ...
Матијас Гидсел ја продолжи својата доминација на големите натпреварувања откако извонредниот десен бек ја предводеше Данска до уште едно златно одличје. Тој на крајот заслужено се закити со МВП признанието на шампионатот, откако беше најдобар стрелец и најдобар асистент на овој ракометен мундијал, крунисувајќи ја одличната форма со десет гола во големото финале со Хрватска. Во дрим-тимот на шампионатот што веднаш по финалето го објави ИХФ, ...