Не се работи за ништо итно, а и двете страни, и тие за и тие против кандидатурата на Џонсон ќе имаат време да работат на своите аргументи до септември следната година, до кога трае мандатот на Јенс Столтенберг. Џонсон прво ќе треба да се откаже од својот пратенички мандат во британскиот парламент, а потоа ќе треба да биде едногласно изгласан од сите членки на НАТО. Подолго време се зборува дека наследникот на Столтенберг треба да биде Британец, ...
Борис Џонсон би можел да стане следниот генерален секретар на НАТО, пишува Британски „Телеграф“. Џонсон би можел да го води НАТО по напуштањето на премиерската функција на Велика Британија, пишува весникот кој споделува и изјава на неименуван пратеник од Конзервативната партија. „Ако аплицираше за функцијата генерален секретар на НАТО, претпоставувам дека може да му се обрати на претседателот Зеленски за препораки“, изјави еден од претставниците ...