Браво за легендите на Бугарија, браво за легендите на Македонија. Денеска во Варна некогашните големи ѕвезди на фудбалот на двете земји, па и на светскиот фудбал, како Пандев и Стоичков, одиграа хуманитарен меч за Кочани. Сиот приход оди кај семејствата на настраданите во катастрофата во Кочани како и кај повредените. А во Варна шоу за уживање и победа за Македонија од 2:3 на гости кај Бугарија. Јасно е дека резултатот беше во втор план, сепак ...

Во духот на хуманоста и спортското пријателство, македонската репрезентација на ветерани извојува победа со 2-3 против бугарските ветерани на ревијалниот натпревар одигран во Варна. Овој меч имаше посебна тежина: сите собрани средства беа наменети за семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани. Идејата за овој настан произлезе од големиот Христо Стоичков, кој заедно со своите соборци од Бугарија испрати порака на солидарност. Македонската ...