Лудило на “Хемпден парк“ во Глазгов и победа на Шкотска против Данска од 4:2. Доволно за победа и пласман на СП. На Данците им беше доволно и реми, и го имаа до 90+3.минута кога беше 2:2, а тогаш Тирни и МекЛин во 90+9. за победа од 4:2. Секоја чест за борбените Шкоти, така се игра фудбал, Данска оди во бараж. БиХ иако водеше со 0:1 во Виена, сепак на крајот не успеа да оди директно на СП. Таму се “чекираа“ Австријанците. Таму се и Белгија од ...
Шкотската фудбалска репрезентација се пласираше на Светското првенство кое ќе се игра следната година и тоа на најдраматичен можен начин. На свој терен во Глазгов, Шкотска со 4:2 ја победи Данска во дуел со директниот ривал. Шкотска водеше со 1:0, потоа и со 2:1, но Данска израмнуваше за да во 90+3 минута Скот Тирни погоди за 3:2 и голема радост на трибините на стадионот. Данска тргна да израмни, но тогаш Кени Меклин даде гол од половина терен ...

