Родителот, кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15-годишни фудбалери, доби 11 месеци казна затвор. Портпаролот на Основниот суд – Штип и воедно судија кривичар, Сашко Георгиев денеска информираше дека кривичниот судски совет, чиј претседател е судијата Невена Перица ја има донесено пресудата за обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје за сторено кривично дело насилство од член 386 став 4 од Кривичниот ...

Единаесет месеци затворска казна за 43-годишниот родител, кој на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“ нападна двајца 15-годишни фудбалери. Штипскиот суд ја донесе пресудата, со која Авни Абгулиј од Скопје е прогласен за виновен за насилство. Тој има право на жалба до апелација. Инцидентот се случи на игралиштето „Бело брдо“ во Штип на 24-ти август при крај на натпреварот, кога судијата му додели втор жолт картон ...