Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Владан Новевски повторно се врати во својата Војводина, каде ја продолжува својата кариера, таму каде што застана пред да замине во редовите на Вождовац. По одличната полусезона, 23-годишниот Новевски, на инсистирање на шефот на стручниот штаб Мирослав Тањга, повторно се враќа во дресот на Војводина. Новевски фудбалски потекнува токму од школата на Војводина за кој клуб настапуваше до 2023 ...

Арменд Алими (37) по се изгледа дека својата кариера ќе ја заврши во својот матичен клуб, во Башкими. Искусниот играч за врска, некогашен репрезентативец на Македонија со 13 настапи, клучен играч од златните времиња на Шкендија, по цели 17 години се враќа во Башкими каде има намера со настап во ПМФЛ една сезона и да ја заврши кариерата. Имено Алими и раководството на Башкими се во преговори за негово враќање, па останува истите да завршат ...