Карло Анчелоти не го криеше задоволството откако Реал Мадрид успеа да го елиминира Манчестер Сити и да се пласира во полуфиналето од Лигата на Шампионите. Италијанецот се реши за максимално дефанзивна тактика, приоритет му беше да се затворат приодите кон сопствениот гол, на крајот успеа во зацртаната цел и во пенал-рулет го елиминираше актуелниот првак на Европа. „Оваа дефанзива, тоа е единствениот начин на кој можевме да играме и да го минеме ...

Реал Мадрид го елиминира Манчестер Сити на пенали и им се придружи на Баерн, Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Кралскиот“ клуб на натпреварот против актуелниот европски првак беше целосно инфериорен, а поголемиот дел од натпреварот го мина во својата половина, каде се бранеше од постојаните напади на Сити со „бункер“. Карло Анчелоти, тренерот на Мадрид, по натпреварот беше задоволен и истакна дека само ...