Анчелоти: „Бункерот“ беше единствен начин да го минеме Манчестер Сити

Карло Анчелоти не го криеше задоволството откако Реал Мадрид успеа да го елиминира Манчестер Сити и да се пласира во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

Италијанецот се реши за максимално дефанзивна тактика, приоритет му беше да се затворат приодите кон сопствениот гол, на крајот успеа во зацртаната цел и во пенал-рулет го елиминираше актуелниот првак на Европа.

„Оваа дефанзива, тоа е единствениот начин на кој можевме да играме и да го минеме Манчестер Сити.Тргнавме добро, поведовме, но потоа почнавме да се мачиме. Бевме премногу ниско на теренот, а Сити имаше се поголема и поголема контрола. Кога дојде до пенали, бевме уверени дека ќе победиме“, изјави Карло Анчелоти.

Следен противник на Реал Мадрид ќе биде тимот на Баерн Минхен, кој синоќа славеше со 1-0 на реваншот против Арсенал.

Се вчитува...